Нарачај сега:
044 520 999 | support@telenet.com.mk

За Нас

Telenet е оператор за давање на јавни телeкомуникациски услуги, кој нуди напредни услуги за интернет и кабловска телевизија. Операторот својата дејност ја врши во Тетовскиот регион од 2007 година. Од тогаш до сега Telenet успеа да ја покрие и да обезбеди услуга за огромен дел од населението во Тетовскиот регион. Со влезот во овој пазар, донесе иновација и конкуренција на кабловка телевизија и интернет услугата. Со цел да ги исполни и задоволи потребите на своите корисници, постојано е ангажиран во процесот на брзо инвестирање во изградба на тв кабловските капацитети користејќи нова дигитална технологија од највисок ранг. Интернет услугата што ја нуди Telenet претставува најновиот тренд и најквалитетна мрежа во светот и тоа, со оптички фибер, со највисока брзина токму тоа што секој го сака.

Мисија
Најдобар избор за побрза комуникација преку модерна интернет мрежа со оптичка врска и дигитална платформа на дигитална мрежа. Нуди можност за да бидете поблиску со луѓето кој ги сакате.

"Исполнувањето на комуникациските потреби на нашите клиенти е наш приоритет"

Визија
Визијата на Telenet е да го зголеми квалитетот на живеењето и да обезбеди посебно искуство и квалитет на комуникација. Исто така ќе настојува да биде најдобар и лидер во регионот каде ја врши својата дејност истовремено да биде првиот избор што ви паѓа на ум кога се однесува за вашата комуникација со надворешниот свет.

"Со комуникациската мрежа на Telenet, Вие секогаш сте во чекор со времето..."